Путин со честитка за 8.март: Жените и мајките може да се гордеат со своите синови кои се сега во Украина

од Nikola Popovski
247 прегледи

Редовните војници не учествуваат и нема да учествуваат во специјалната воена операција во Украина, а нема да има дополнителен повик за резервисти, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Во својата честитка за 8 март, претседателот им се обрати на семејствата на војниците кои сега учествуваат во специјална воена операција.

„Сакам да им се обратам на мајките, сопругите, сестрите и девојките на нашите војници и офицери кои сега се во битка, бранејќи ја Русија за време на специјална воена операција. Разбирам како се грижите за вашите најблиски.

Можете да се гордеете со нив и како целата земја се гордее и се грижи за нив заедно со вас. Сакам да нагласам дека војниците во активна служба не учествуваат и нема да учествуваат во борбени операции. И нема да има дополнително повикување резервисти од резервниот состав“, рече Путин.

„Само професионалните војници ги решаваат поставените задачи. Убеден сум дека тие сигурно ќе обезбедат безбедност и мир за народот на Русија“, додаде тој.

Шефот на државата им се заблагодари и на жените кои служат во руските вооружени сили.

„Посебни зборови за почит кон жените кои ја исполнуваат својата должност, служат во редовите на руските вооружени сили. Ви благодариме за вашата лојалност кон вашата татковина“, рече Путин.

Во честитката по повод Меѓународниот ден на жената, претседателот ги цитираше зборовите, како што велат современиците, напишани од Катерина Втора: „Ќе ја бранам татковината со мојот јазик, пенкало и меч додека има живот во мене“.

Слични содржини