Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска пристигна во Русија на средба со претседателот Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според „Спутник“, Путин му рекол на Гутереш дека е слабо информиран и дека всушност функционираат хуманитарните коридори, како и дека слушнал дека во челичарницата Азовстал има цивили и дека „украинската армија треба да ги ослободи“, во спротивно „тоа се терористи кои делуваат исто како ИСИС“.
Russian President Putin, UN Secretary-General #AntonioGuterres Hold Meeting in Moscow https://t.co/LfCFivR76Q
— Sputnik (@SputnikInt) April 26, 2022
Путин потоа ги повика ОН и Црвениот крст да дојдат во Русија и да видат како се однесуваат со украинските воени заробеници, а се осврнал и на Косово.
Спутник пренесува дека Путин го потсетил Гутереш за Косово и за одлуката на Меѓународниот суд на правдата дека териториите не мора да бараат дозвола од централните власти при прогласувањето независност.
„Тоа беше случајот во Косово, а тоа е одлуката донесена од Меѓународниот суд на правдата. И не сите ја поддржаа таа одлука. Путин рече и дека Русија знае кој што направил во Буча“, додава Спутник.
„По договорот во Трска со Украина, дојде до провокација во Буча, со која Русија нема никаква врска“, рекол рускиот претседател.
Путин му рекол на Гутереш дека знае дека се загрижени, но дека целиот проблем со Украина настанал по државниот удар во 2014 година.
Putin meets UN secretary general António Guterres in the Kremlin. The long table is back! pic.twitter.com/zjVkHRFL5v
— max seddon (@maxseddon) April 26, 2022
Путин додал рече дека Русија, како еден од основачите, секогаш ги поддржувала Обединетите нации.
Како што било најавено, ситуацијата во Украина е главниот фокус на разговорите во Москва, до кои дојде Гутереш по неговата посета на Анкара во Турција, каде во понеделникот разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
По средбата со Путин и Лавров, Гутереш ќе отпатува за Киев за да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба, како и со персоналот од различни агенции на Обединетите нации.
Фото: Vladimir Astapkovich / TASS / Profimedia