Путин со указ смени 8 генерали

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин разреши осум високи офицери на Руската гарда.

Информацијата за тоа ја објави шефот на Комитетот за информатичка политика на Думата, Александар Хинштајн, на Телеграм, со фотографија од Декретот на рускиот претседател од 12 април.

Станува збор за осум генерали.

Причините за овие кадровски промени не се познати.

Покрај оваа одлука, истиот указ назначи девет полковници на различни позиции.