Путин со важна порака: Русија ќе ги почитува своите обврски

од Stefanija Kuzmanovska
288 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија се обврзала на транзит на гас преку Украина и дека ќе ги почитува своите обврски.

„И покрај сите потешкотии што ги носи денешницата со себе, Русија презеде одредени обврски во рамките на договорот за транзит на гас преку Украина. Без никакво сомневање, Русија ќе ги исполни своите обврски“, рече синоќа Путин на телевизија Русија 24 .

Коментирајќи го предлогот на украинскиот претседател Владимир Зеленски да се стави прашањето за гасоводот „Северен тек 2“ на дневен ред на Нормандискиот процес, Путин рече дека тоа е политичка платформа на која е невозможно да се разговара за комерцијални проекти, пренесува „Спутник“.

„Нормандискиот формат, исто како и сите други формати од овој тип – ова се политички платформи што разговараат за ситуацијата во југо-источна Украина. Нема никаква врска со комерцијалните проекти како Северен тек или Северен тек 2“, рече Путин.

Слични содржини