Путин: Сојузот на Русија и Белорусија зајакнува мирно и без брзање

од Stefanija Kuzmanovska
286 прегледи

Државниот сојуз на Русија и Белорусија зајакнува без брзање, а двете страни го одмеруваат секој чекор, истакна денеска претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.

„Ние напредуваме мирно и без брзање, како што се договоривме, така што секој наш чекор може да не зајакне надворешно и внатрешно, да ги подобри нашите политички системи со создавање услови за нивниот иден развој, како и фундаментални и цврсти основи за економски напредок“, рече рускиот лидер на средбата со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, пренесува ТАСС.

На средбата, Путин предложи да се разговара за „понатамошни процеси за градење на Унијата“, наведувајќи дека е среќен што повторно го гледа Лукашенко по јубилејниот самит на ОУКБ минатата недела во Москва и му посака добредојде.

Слични содржини