Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека утринава нападот врз средишниот украински град Днипро бил извршен со „нова конвенционална ракета со среден дострел“.
Тој додаде дека ракетата го носи кодното име „Орешник“. А, тоа беше одговор на украинскиот напад со нов тип проектили. Во исто време, ова беше проба на нашето ново оружје и беше успешно завршена“, изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Би-би-си.
Во телевизиско обраќање, Путин исто така рече дека ударите на западните ракети со долг дострел на руска територија му дадоа на конфликтот во Украина карактеристики на глобален.
„Од овој момент, како што повеќепати нагласивме, конфликтот во Украина, кој претходно беше испровоциран од Западот, доби елементи од глобален карактер“, нагласи тој.
Рускиот лидер најави дека Русија ќе издаде однапред предупредувања пред нападите врз други земји за да се овозможи безбедно евакуација на граѓаните. Тој предупреди дека американските ПВО системи нема да бидат способни да пресретнуваат руски ракети.