и Хармонијата во светот бара сите партнери да ги земат предвид интересите еден на друг, смета Владимир Путин.
Русија никогаш нема да дозволи губење на сопствениот суверенитет, увери претседателот Владимир Путин. Тој зборуваше на форумот на Обшторускиот народен фронт (ОНФ), кој се одржа во градот Јошка-Ола, престолнина на етничката Република Марио Ел лоцирана на 862 километри југоисточно од Москва. “Ако ние се согласувавме и отстапувавме , тогаш ќе бевме добри за сите. Само што тогаш ние би го изгубиле своето значење, а следниот чекор по губењето на сопственото значење мислам дека би била неповратно губење на нашиот суверенитет и изгледите за иднина … Еве тоа ние никогаш нема да си го дозволиме “, изјави Путин. “Ние ништо не сакаме од никого, освен она што ни припаѓа. И ние сме подготвени да бараме компромиси. Ние разбираме дека светот се состои не само од нашите интереси, другите исто така имаат интереси “, истакна Путин. Тој додаде дека за хармонијата во светот сите партнери треба да ги земат предвид интересите еден на друг. / ТАСС