„Повторно започна вистинска војна против нашата татковина. Но, ние се спротивставивме на меѓународниот тероризам, ќе ги заштитиме жителите на Донбас, ќе ја обезбедиме нашата безбедност… Западните елити зборуваат за својата ексклузивност, ги делат луѓето и предизвикуваат крвави конфликти, сеат омраза, русофобија, агресивен национализам, ги уништуваат традиционалните семејни вредности – рече Путин во Москва по повод Денот на победата – 9 Мај.
„Тие заборавија до што доведоа лудите тврдења на нацистите за светска доминација, заборавија кој го победи тоа монструозно тотално зло, кој застана да ја брани својата земја и не ги поштеди своите животи за ослободување на народот во Европа“ – додаде рускиот претседател.
Речиси осум децении, годишната прослава на Денот на победата во Москва не беше само почит на 27 милиони советски цивили кои загинаа борејќи се во нацистичка Германија во Втората светска војна, туку и внимателно оркестрирано прикажување на руската моќ.