Путин тврди дека Русија може да се потпре само на сопствената воена техника

од Nikola Popovski
369 прегледи

Русија може да смета само на сопствената воена техника, изјавил рускиот претседател Владимир Путин во интервју за телевизијата „Русија 24“.

„Можеме да се потпреме само на себе. Никој нема да ни подаде рака за помош. Ние можеме да направиме сè сами и во тоа успеваме“, нагласил тој.

Рускиот претседател истакнал дека иднината на Русија денес во голема мера зависи од вооружените сили и изразил уверување дека се што е планирано ќе се исполни.

Русија во последниве години се соочи со остри санкции, но, како што забележаа властите во земјата, таа обезбедува се што ѝ е потребно, вклучително и храна и витални лекови.

Претседателот на Русија нагласил дека задачата е да обезбедат производи и технологии во сите клучни области и дека тоа го пишува во Стратегијата за научен и технолошки развој на Русија.

Слични содржини