Путин: Украина не сака да ги исполни условите од прелиминарниот мировен договор

од Stefanija Kuzmanovska
140 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина не сака да ги исполни условите од прелиминарниот мировен договор, договорен во март.

По посетата на Иран, Путин на новинарите им изјави дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати понудиле да посредуваат меѓу Москва и Киев.

Одговарајќи на прашање за можна средба со украинскиот претседател Владимир Зеленски, Путин рече дека Киев не ги почитува одредбите од прелиминарниот мировен договор, кој „практично беше постигнат“ во март.

„Конечниот резултат зависи од волјата на актерите за спроведување на постигнатиот договор. Гледаме дека Киев нема таква желба“, рече Путин, пренесува „Ројтерс“.