161
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му честиташе на Си Џинпинг за неговиот реизбор за претседател на Кина.
„Одлуката на Националниот народен конгрес е доказ за признавањето на вашите заслуги како шеф на државата, како и широката поддршка за вашиот курс кон натамошниот социо-економски развој на Кина и заштитата на националните интереси на светската сцена“, навел Путин во честитката објавена на веб-страницата на Кремљ.
Путин истакнал дека Русија високо го цени личниот придонес на Си Џинпинг за „зајакнување на односите на сеопфатно партнерство и стратешка соработка меѓу двете земји“.