Путин: Влегувањето на Украина во НАТО ќе ја загрози безбедноста на Русија

од Vladimir Zorba
436 прегледи

Влезот на Украина во НАТО ќе ја загрози безбедноста на Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

-И за волја на вистината, една од причините за специјалната воена операција е заканата за влез на Украина во НАТО, додаде Путин.

Според него, членството во Северноатлантската алијанса нема да ја зајакне безбедноста на Украина и ќе го направи светот многу „поранлив“.