Путин: Во Донбас ќе завладее мир благодарение на Русија

од Vladimir Zorba
299 прегледи

Претседателот Владимир Путин вели дека е убеден дека благодарение на Русија, „во Донбас ќе завладее мир“.

„Русија ќе дејствува доследно, ќе постигнеме нормализација на животот во Донбас. Благодарение на Русија во Донбас ќе завладее мир. Така ќе биде!“ изјави денеска Путин, обраќајќи им се на учесниците на седницата на советот на платформата „Русија – земја на можностите“, цитиран од Спутник.

Рускиот претседател истакна дека трагедијата во Донбас ја принудила Русија да започне, како што ја нарекува, „специјална операција“ во Украина, потсетувајќи дека таа територија била гранатирана осум години и дека нејзините граѓани живееле многу тешко таму.