За да се реши проблемот со мигрантите во ЕУ мора да биде уништен тероризмот. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин по разговорите во Москва со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Потврдија: Лех Валенса бил агент на комунистичката тајна служба со кодно име “Болек”
“Причината за сегашниот проблем со мигрантите е заради дестабилизација на држави во голем број региони на светот: Северна Африка, Авганистан, други земји. За да се реши проблемот со мигрантите, треба да биде отстранета причината. Треба да се врати државноста, економијата, социјалниот живот на овие држави … треба да се создадат сите потребни за тоа услови, а затоа треба пред се да се уништи тероризмот. Тоа е задача број еден “, истакна Путин. / БГНЕС
