Путин во официјална посета на Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska
163 прегледи

Претседателите на Белорусија и Русија, Александар Лукашенко и Владимир Путин ќе се сретнат на 19 декември во Минск, пренесува „Белта“.

Агенцијата наведува дека Путин на 19 декември ќе престојува во работна посета на Белорусија.

„Лукашенко и Путин ќе разговараат за безбедносните прашања, ситуацијата во регионот и светот и заедничките мерки како одговор на новите предизвици“, соопшти кабинетот на претседателот на Белорусија.

Теми на разговор ќе бидат трговско-економската соработка, како и соработката во енергетскиот сектор.

Слични содржини