Путин во прва посета на Чукотка откако е избран за претседател

од Stefanija Kuzmanovska
234 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин полета за Анадир, главниот град на автономниот округ Чукотка, пренесе РИА Новости, додавајќи дека ова е прво патување на Путин во Чукотка откако стана претседател на Русија.

Првата точка на програмата била посета на повеќекатиот стаклен комплекс на семејството Макатров, каде зеленчукот се одгледува во текот на целата година во услови на пермафрост. Во проектот биле инвестирани повеќе од 320 милиони рубљи. Оранжериите зафаќаат 0,24 хектари, компанијата вработува дваесетина луѓе.

Според прес-службата на Кремљ, Путин ќе разговара и со жителите на Чукотка и ќе оствари средба со гувернерот на регионот Владислав Кузњецов.

Како што јави дописникот на РИА Новости, претседателот на своето работно патување патува со мотор и со возила специјално опремени за да се пробијат низ снег.

Во регионот, кој е целосно во арктичката зона, има проблеми со пристапноста на транспортот. Поради суровата клима, асфалтираните патишта се достапни само во градовите и соседните села.

Путин постојано повторуваше дека не бил во Чукотка и дека сака да ја посети.

Во 2008 година, Дмитриј Медведев, кој беше претседател во тоа време, ја посети Чукотка.

Слични содржини