Рускиот претседател Владимир Путин на отворањето на самитот на БРИКС во Казан изјави дека „во тек е формирање на мултиполарен свет“.
-Во тек е процес на формирање мултиполарен свет, динамичен и неповратен процес – рече Путин на почетокот на самитот, на кој Кремљ се обидува да балансира на „западната хегемонија“.
Рускиот претседател додаде дека околу 20 лидери собрани во Казан ќе разговараат за „најитните прашања“, вклучувајќи ги и прашањата за „решавање на регионалните конфликти“.
БРИКС, кој првично се состоеше од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, се прошири за да ги вклучи Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.
Турција, Азербејџан и Малезија поднесоа барање за членство, а интерес за приклучување изразија уште неколку земји.