Путин: Воено-транспортниот авион Ил-76 е соборен со проектили истрелани од американски систем за ПВО Патриот

од Radmila Tasevska

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека воено-транспортниот авион Ил-76, што минатата недела беше соборен во регионот Белгород, бил погоден од проектили истрелани од систем за противвоздушна одбрана Патриот испорачан од САД.

– Експертската анализа утврди дека авионот беше соборен со американскиот систем Патриот. Бараме да се спроведе меѓународна истрага. Ниту една меѓународна организација не се ангажира да го прави тоа, посочи Путин.

Тој додаде дека Украина истрелала два проектила кон авионот.

Москва го обвинува Киев за соборување на авионот Иљушин-76 и за убиство на сите 74 лица во него, вклучително и 65 заробени украински војници кои требало да бидат разменети за руски воени заробеници.

Украина ниту потврди ниту негира дека го соборила авионот и побарала докази за тоа кој бил во авионот.

Слични содржини