Путин воведува санкции кон Западот

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша нов указ за економски санкции, со кој се наредуваат санкции како одговор на „непријателските дејствија на одредени странски земји и меѓународни организации“, пишува Sky News.

Да потсетиме, западните земји воведоа серија остри санкции за руските државни компании и функционерите поврзани со Кремљ поради руската инвазија на Украина, која започна кон крајот на февруари.

„Не мора да ги исполнувате договорните обврски кон западните партнери“

Според новиот декрет потпишан од Путин денеска, Русија ќе забрани извоз на производи и суровини на лица и субјекти кои одлучила да ги санкционира. Имињата на тие поединци и субјекти не се вклучени во текстот на регулативата, наведува „Ројтерс“.

Но, декретот ѝ дава на руската влада рок од 10 дена да состави список на оние кои ќе бидат санкционирани и да дефинира „дополнителни критериуми“ за низа трансакции кои би можеле да се ограничат само на оние што ќе бидат санкционирани во иднина.

Новата регулатива, исто така, забранува финансиски трансакции со странци и компании на списокот со санкции и им дозволува на руските компании и поединци погодени од западните санкции да не ги исполнат договорните обврски од оние на списокот со санкции на Русија.