Путин за Навални: Сакаше да биде уапсен

од Vladimir Zorba
206 прегледи

„Ова лице знаеше дека го крши законот во Русија и го повтори злосторството“, рече денеска рускиот претседател Владимир Путин на прашањето за притворениот опозиционер Алексеј Навални.

Путин побара непристрасно известување за случајот Навални и повтори дека опозиционерот свесно го прекршил законот.

„Ова лице знаеше дека го крши законот во Русија и го повтори злосторството“.

Путин посочува дека Навални бил свесен за потерницата распишана за него, но решил да се врати во Русија.

„Тој многу добро знаеше дека го бараат, но сепак се врати во Русија – намерно. Тој сакаше да биде уапсен“, рече рускиот претседател, повторно избегнувајќи да го каже името на Алексеј Навални.

Да потсетиме, Навални беше уапсен на 17 јануари на аеродромот Шереметјево, а наскоро беше осуден на две години и осум месеци затвор.