181
Рускиот претседател, Владимир Путин изјави денес дека руските вакцини се ефикасни и против новите соеви на ковид 19 кои се шират во Европа.
Тој на средбата со директорката на Федералната медицинско-биолошка агенција Вероника Скорчова рече дека руските вакцини се ефикасни против сите видови на коронавирус кои денес „ги плашат сите во Европа“, а не само во Европа, пренесува РИА Новости.
Скворцова изјави дека досега се идентификувани 3,5 илјади мутации на вирусот корона во Русија, но таа истакна дека сите се единечни нуклеотиди и немаат никакво значење за вирусот како целина, освен седум мутации, чија фреквенција надминува 5 % во човечката популација.
Во Русија во моментов има три вакцини против КОВИД-19 Спутник Ве, Епивакорона и Ковивак.