Путин го прокоментира својот напис за Украина, велејќи дека тројството на рускиот, украинскиот и белорускиот народ најдобро се дефинира со фразата: „А ти не си Русин?“.
Ден по објавувањето на статијата на претседателот на Русија, Владимир Путин, за Украина, тој опширно го коментираше значењето и целта на пишувањето на материјалот, пренесе „Спутник“.
Путин изјави дека на оваа тема разговарал со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.
-Тој ми рече дека кога играме хокеј и едниот се лути на другиот, тој кажува нешто, партнерот греши, но дека викаме во душата: „Што е со тебе, не разбираш? Што, ти не си Русин?“, рече шефот на Русија за телевизијата „Русија 24“.
Според него, „тоа се случува автоматски, од душата, од срцето“.
-Тројството не исчезна никаде, ниту ќе исчезне, без оглед колку некој се труди“, истакна рускиот лидер.
Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот објави напис „За историското единство на Русите и Украинците“, во кој зборуваше за Украина, односите меѓу Москва и Киев, Донбас, но и за потеклото на рускиот и украинскиот народ, т.е. дека и Русите и Украинците се еден народ, една целина, како и дека тоа не е плод на конјуктурата, туку дека тоа е негово лично убедување.