Путин за убиството на Дарја Дугина: „Ова е подло и сурово злосторство“

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со сочувство до семејството на руската новинарка Дарја Дугина, во која го нарече нејзиното убиство „подло и сурово злосторство“.

„Подло, сурово злосторство го заврши животот на Дарја Дугина, паметна, талентирана личност со вистинско руско срце: љубезна, сакана, сочувствителна и отворена“, навел Путин, пренесе ТАСС.

Рускиот претседател оцени дека Дугина, како новинар, научник, филозоф и воен дописник, чесно му служела на својот народ и татковина и „со своите постапки докажала што значи да се биде руски патриот“, се вели во телеграмата со сочувство објавена од Кремљ.

Слични содржини