Путин за влезот на Украина во НАТО: „Мислам дека тука нема за што да се разговара“

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Џо Бајден и Владимир Путин, американскиот и рускиот претседател, се состанаа денеска во Женева. По неколкучасовен разговор, тие одржаа одделни прес-конференции.

Владимир Путин прв се обрати пред медиумите, потенцирајќи дека дијалогот бил конструктивен. Што се однесува до сајбер безбедноста, тој истакна дека се договорени заеднички консултации.

Исто така, беше договорено, како што истакна Путин, американските и руските амбасадори да ги преземат нивните функции.

Тој рече дека разговарал и со американскиот претседател Бајден за Украина. Во врска со влезот на Украина во НАТО, тој рече: „Мислам дека тука нема за што да се разговара“.