САД се обидоа да ги измамат целиот свет и Русија, со ширењето на “тезата” за нуклеарна закана од страна на Иран. Тоа го изјави рускиот претседател Владимир Путин во говорот пред седницата на Меѓународниот клуб “Валдано”, додавајќи дека на тој начин Вашингтон се обидел да го уништи целиот светски стратешки баланс.

“Под изговор за ракетно-нуклеарна закана од страна на Иран, како што знаеме , беше уништена фундаменталната основа на современата меѓународна безбедност – Договорот за ограничување на противракетната одбрана. Денес иранскиот нуклеарен проблем е решен – нема никаква закана од Иран – така, како ние го гледаме и повторно укажуваме. Причината која божем ги предизвика нашите американски партнери да изградат својот систем за противракетна одбрана, исчезна. И ние со право очекуваме дека во тој контекст развојот на противракетната одбрана на САД ќе биде прекината. А всушност што се добива? Ништо слично не се случува, напротив – продолжуваат со ракетните програми “, изјави Путин. “Овие денови беа одржани првите тестирања на противракетната одбрана на САД во Европа. Што значи тоа? Тоа значи дека кога ние спориме со нашите американски партнери, бевмеапсолутно во право.
Нас, пак и целиот свет, се обидоа да ни измами уште еднаш, а уште повеќе едноставни речено – да нè излажат “, посочува уште рускиот претседател .. Тој потсети на предупредувањето на Русија дека противракетната програма на САД е основана со цел да биде уништен стратешкиот баланс и Вашингтон да диктира волја како на геополитичките противници, така и на сојузниците.