Путин: Западните разузнавачки служби се вклучени во украинските терористички напади

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска за време на седницата на Советот за национална безбедност во Кремљ оцени дека западните разузнавачки служби се вклучени во планирањето на украинските терористички напади на руска територија.

„Украинските неонацисти и нивните соучесници не дејствуваат само во новоприпоените региони на Федерацијата, туку вршат злосторства и во други делови на Русија“, рече рускиот лидер, пренесе ТАСС.

На состанокот на Советот за национална безбедност на кој присуствуваа лидерите на четирите региони кои ѝ се придружија на Руската Федерација минатата година, Путин ја обвини Украина дека со помош на западните разузнавачки служби извршила злосторства против руски локални функционери, безбедносни лица, новинари и едукатори.