Путин: Западот е виновен за глобалните последици од санкциите

од Stefanija Kuzmanovska
302 прегледи

Вината за глобалните последици од санкциите врз Русија, вклучително и можниот глад во голем број земји, лежи во западните земји кои се подготвени да го жртвуваат остатокот од светот заради својата доминација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Тој на состанокот за економски прашања истакна дека многу земји веќе се соочуваат со закани од глад, а доколку продолжат санкциите против Русија, ЕУ може да наиде на последици кои тешко би можеле да се одвратат, пренесува ТАСС.

„Вината за тоа е целосно на елитите на западните земји кои се подготвени да го жртвуваат остатокот од светот за да ја зачуваат својата глобална доминација“, изјави рускиот лидер.

Слични содржини