Путин: Зошто да се сретнам со Зеленски, кога со Украина управува Вашингтон

од Stefanija Kuzmanovska
257 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во случај на средба со претседателот на Украина Владимир Зеленски, прво треба да се разбере за што воопшто би разговарале, бидејќи тој ја предал Украина „под целосна странска администрација“.

„Зошто треба да се сретнам со Зеленски кога тој ја предаде својата земја под целосна странска администрација? Клучните прашања во животот на Украина не се решаваат во Киев, туку во Вашингтон. Делумно во Берлин и Париз. За што ќе разговараме? Сепак, не се откажувам од такви состаноци, само треба да разбереме за што ќе се разговара“, рече Путин, зборувајќи за средбата со Зеленски.

Путин објасни зошто Украина не е на списокот на непријателски земји.

„Затоа што не мислам дека украинскиот народ е непријателски расположен кон нас. Јас зборував за тоа многу пати и можам да го повторам уште еднаш – верувам дека Украинците и Русите се генерално еден народ“, рече рускиот лидер.

Тој додаде дека сегашното раководство на Украина очигледно е непријателски расположено кон Русија.

„Не мислам дека украинскиот народ е непријателски настроен, не, ништо такво, ние сме една целина. Но, раководството на денешна Украина, за разлика од народот, е очигледно непријателски. Тоа е сосема очигледна работа “, прецизира Путин.

Слични содржини