Јованка Немцова, ќерка на убиениот во февруари руски опозициски политичар Борис Немцов, ја напушти Русија поради неиздржлив притисок над неа. 31-годишната новинарка започнува со работа како новинарка во “Дојче Веле”.
Весникот “Зидојче Цајтунг” објави еден нејзин многу личен, внатрешно- страдалнички текст во кој таа зборува за својот татко, за тоталитаризмот на Путин и за личниот морален избор.
Во една диктатура власта бара од луѓето не само покорност, туку и согласност со она што се случува, односно – во извесна смисла соучесништво. Да се откажеш – тоа е прашање не толку политичко, колку на морален избор. Луѓе кои не сакаат да бидат соучесници, се претвораат во непријатели, дури и ако тие самите не го одобруваат насилството и не поддржуваат никакви насилни дејствија за соборување на власта. Одбивањето исепак неизбежно води до сериозни проблеми и сиромаштија. Таков ризик се одвива кај мнозина: Андреј Сахаров, Вацлав Хавел, Јержи Попиелушко. Истиот избор го направи и мојот татко Борис Немцов.
Од авторитаризам кон тоталитаризам
Во последните години путиновият режим во Русија започна квалитативно да се менува. Првично тој беше релативно благ авторитаризам, но потоа тргна кон тоталитаризам, потоа анексија на Крим, а движењето во оваа насока се врши со бесна брзина. Престојувањето надвор од политиката станува тешко. Многумина веќе се соочуваат со моралниот избор: или-или. Или да се преправаат дека не се случува ништо посебно и тивко да учествуваат во игрите на власта. Или пак да ја задржат сопствената автентичност и гласно и смело да зборуваат за кошмарот на случувањата и за опасноста која претставува Путин.
Проблемот за моралниот избор е особено актуелен за новинарите. Многу од медиумите се претворени во алатка за манипулација на јавното мислење во корист на власта. Во последно време со нивна помош во општеството се влева државна идеологија блиска со фашистичката, и се создаваат реваншистки-патриотски чувства, кои водат до војна и агресија.
Приватниот телевизиски канал РБК, во кој работев јас, не влегува во системот на путиновиот агитпроп. Никој не ме принудуваше да лажам, но и не се чувствував целосно слободна. По анексија на Крим ситуацијата почна брзо да се влошува, а тензиите дури и внатре во нашиот тим стануваа опипливи. Сето ова ги подели луѓето во два нееднакви кампуси. Јас се најдов во малцинство, едноставно затоа што ја осудуваме анексијата на полуостровот и ескалацијата агресивност на Русија.
Дилемата на мнозина: да молчат или да влезат во конфликт со власта
Ги делев овие свои проблеми со татко ми. Му реков дека според мене нашата земја се наоѓа на прагот на нешто многу страшно. Тој секогаш бил голем оптимист, па и во овој случај ми рече: “Па, дури пак толку.” Но, откако го убија мојот живот се промени фундаментално. Сите ние повторно бевме соочени со изборот: да молчиме или пак да влеземе во отворен судир со државната машина за угнетување. Лично на мене путиновиот режим ми одзема сè, затоа тато беше сè за мене. Бидејќи веќе беше невозможно да се остане во земјата и да се преправам дека ништо не се случило. Должна бев да кажам пред светот за политичката одговорност, која ја носи Путин за убиството на татко ми.
Водопадот од клевети против татко ми по државните телевизиски канали започна уште пред неговиот погреб. Пропагирани беа луди верзии за атентатот, медиумите ги полнеа мозоците на луѓето ту со “украинска трага”, ту со “исламистичка врска”. А потоа дури го осквернавија споменикот на местото на убиството – со премолчено одобрение од власта, ако не и со охрабрување од нејзина страна.
“Ова е мојот морален избор”
Потоа дојде и уште една трагедија: труењето на татковиот пријател и истомисленик Владимир Кара-Мурза, со кого и јас сум многу блиску и верувам дека тоа беше атентат врз неговиот живот. Во овој момент си реков дека сè си има граници и го направив својот конечен избор. Овој избор за мене е длабоко личен: мој долг е да дадам се од себе за остварување на неговиот сон за слободна и просперитетна Русија. Ова е мојот морален избор.

Во путинова Русија (како и досега, во советско време) секој морален избор е поврзан со опасности и со надминување на стравот од власта. Татко ми, кој многу години беше дел од политичката елита на постсоветска Русија, можеше да се приспособи кон новата реалност и да ја продолжи сјајната кариера. Така постапија многумина од неговите поранешни истомисленици во либералниот камп, кои станаа дел од новата путинова “вертикала на власта”. Но тато постапи со совест: тој остана верен на своите убедувања и стана Непростлив критичар на сегашниот диктаторски режим. Властите не можеа тоа да му го простат. И го убија.
Новиот руски шовинизам – вакцина против слободата
Морален избор прават малкумина. Но, тие се голема сила, која со текот на времето може да го промени целото општество. Уште во 1991 година дисидентото и политички затворник Натан Шарански пишуваше дека советските власти сосема неслучајно се држеа бидејќи, како дури еден непрекршен дисидент претставува смртна опасност за целиот систем. Реалноста ги потврди овие стравувања. Токму меѓу непрекршените советски дисиденти се зачува и преживеа “вирусот” на свободољубието кој во времето на перестројката доби сили и го раскрши советскиот систем. Тогаш Шарански се надеваше дека овој пат КГБ нема да најде “вакцина” против овој вирус. Сега сепак имаме чувство дека Путин најпосле – барем привремено -ја нашол вакцината против слободата. Ова е новиот руски шовинизам, империјалната, ултрапатриотска идеологија. Во услови на драстично влошување квалитет на животот, на ниски нафтени цени и санкции, единствениот начин режимот да обезбеди поддршка стануваат циркусите – воените триумфи, окупација, тоталната пропаганда. Зомбираните луѓе се подготвени поради империјалната идеја да трпат сиромаштијата и да се откажат токму од оние слободи кои се клучни за развојот на земјата.
Но, сето тоа не е причина за очај. Многу диктаторски режими со помош на шовинистички идеи привремено успевале да го консолидираат општеството. Порано или подоцна, сепак населението ги сфаќа тешките последици од авантуристички курс на своите влади. Новите дисиденти и понатаму ќе го шират “вирусот” на слободата. Верувам дека благодарение и на нивните напори нашата земја еден ден ќе биде слободна и просперитетна.
(Написот на Јованка Немцова објавуваме со кратенки)

