Работата на Бајден во првите денови од претседателството ја поддржуваат 61% од населението

345 прегледи

Две недели по започнувањето на новата администрација, повеќето Американци велат дека имаат барем доверба во американскиот претседател Џо Бајден и неговата способност да управува со многуте кризи во нацијата, вклучително и пандемијата на короната.

Вкупно, 61 процент од нив ги одобруваат постапките на Бајден во првите денови како претседател на САД, покажува новата анкета на Асошиејтед прес-НОРК Центарот за истражување на јавни работи.

Иако најголемиот дел од поддршката за Бајден ја даваат колегите демократи, околу една четвртина од републиканците изјавуваат дека ги одобруваат неговите први денови како претседател на Соединетите држави.

Дури и во време на длабоки национални поделби, овие бројки сугерираат дека Бајден, како и повеќето од неговите претходници, може да уживаат во периодот на „меден месец“.

Скоро сите претседатели во последно време имаа поддршка од просечно 55 проценти или повеќе во текот на првите три месеци од нивниот мандат, според анкетата на Галуп, објави АП.

Околу три четвртини од Американците велат дека имаат барем одредена доверба во способноста на Бајден да се справи со пандемијата, додека околу една четвртина немаат доверба во него.

Приближно четири од 10 лица велат дека имаат голема доверба во Бајден во врска со какво било прашање од истражувањето.

Околу две третини од Американците велат дека имаат барем одредена доверба во способноста на Бајден да ги реши економските проблеми и работните места.

Тој стекна слична доверба кога станува збор за здравјето, расните односи и климатските промени.

Слични содржини