Работници повредни при извршување работни задачи во Кавадарци и Пробиштип

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

Работници од Дреново, Кавадарци и Кратово се здобиле со повреди при извршување работни задачи.

„Рано изутринава во 02.20 часот во ОВР Кавадарци, од кавадаречката Општа болница било пријавено дека кај нив со повреди биле донесени две лица. Станува збор за Б.К. на возраст од 55 години од село Дреново и Ц.А., на возраст од 52 години од Кавадарци. Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при извршување работни задачи во фирма во Кавадарци“, соопштуваат од МВР.

Претходно, во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Б.А., на 29-годишна возраст од Кратово. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во рудник во Пробиштип, појаснуваат од МВР.

Увид бил извршен во двата случаја.

Слични содржини