Работници во Daimler одбиваат и до 400.000 евра отпремнини

од Vladimir Zorba
373 прегледи

Автомобилскиот гигант Daimler AG се соочи со големи промени за време на преструктуирањето.

Имено, од една страна, групата ќе биде поделена на две нови, независни компании оваа година: Mercedes-Benz за автомобили и комбиња и Daimler Truck за камиони и автобуси.

Производителот на автомобили, од друга страна, сака да стане климатски неутрален пред 2039 година и мора целосно да го претвори своето производство во електромобилност, пренесе Вечерњи лист. Но, за да може финансиски да си дозволи големи инвестиции, Daimler следи строги правила на штедење и ова ќе има далекусежни последици за работниците на групацијата.

Во само шест германски фабрики постои ризик од 20.000 отпуштања. Минатата година, извршниот директор на Daimler, Ола Калениус, објави програма за отпремнини, која, според компанијата, е доброволна. Инженер во раните 40 -ти години, кој пристигнал во компанијата по завршувањето на студиите, може да се надева на отпремнина до 400.000 евра, а понудата за заминување веќе ја прифатија повеќе од 3.500 вработени, пренесува Вечерњи лист.

Портпаролот на компанијата нагласи дека во оваа бројка не се вклучени работниците што го напуштиле Daimler или се пензионирале во целост. Во спротивно, бројот би бил значително поголем, рече тој.

Сепак, не се сите воодушевени од програмата за отпуштање. „Не сакаме отпремнина“, рече работник во Унтертирхајм за германските медиуми, кој повеќе би сакал „парите да бидат инвестирани во понатамошен развој“.

„Во моментов бизнисот оди добро. Заминувањето на некои колеги би направило „дупки“, го пренесува Вечерњи мислењето на работниците.

Слични содржини