Работниците во Белгија започнаа предупредувачки штрајк, бараат зголемување на платите

од Берта Китинска
280 прегледи

Стотици белгиски синдикални активисти се собраа пред канцеларијата на Федерацијата на претпријатија во Брисел, барајќи укинување на ограничувањата за зголемување на платите поради поскапувањето, особено на енергенсите.

„Зголемување на платите“, „Гасот, струјата и дивидендите се зголемени, а платите не“ и „Богатството мора правично да се распределува“, се дел од пораките од транспарентите.

Истакнувајќи дека нивната куповна моќ е намалена во последните години, демонстрантите бараат итно зголемување на платите.

Еден од демонстрантите за Анадолија изјави дека протестот го организирале за одбрана на платите и достоинството на работниците.

Слични содржини