РАБОТОДАВАЧ ВО ГЕРМАНИЈА ВРАБОТИЛ РАБОТНИК НА ЦРНО: Судот му наплати 6.000 евра за депортирање на работник што го вработил без дозвола

Работодавач мора да плати околу 6.000 евра за депортација на градежен работник што го вработил без дозвола за работа

од Vladimir Zorba
363 прегледи

Властите на градежен претприемач од германската сојузна покраина Пфалц-Рајна му наплатија речиси 6.000 евра. Толку чинело депортирање на работник што го вработил без дозвола. Според германските медиуми, работодавачот мора да ја плати оваа сума.

Работодавачот мора да ги покрие трошоците за депортација

Германски работодавач мора да плати за депортација на работник што го вработил без дозвола за работа или престој.

Сега треба да плати речиси 6.000 евра за трошоците за притвор до депортација, авионската карта за работникот и организирање на депортацијата. Пресудата се уште не е правосилна, пишуваат германските медиуми.

Поточно, се работи за градежен работник Албанец. Тој бил забележан при преглед на градилиштето без дозвола за работа и престој. Надлежните потоа му наредиле на работникот веднаш да ја напушти земјата. За тоа му дале помалку од две недели.

Судот го отфрлил аргументот на работодавачот

Околу три недели по тој рок, човекот бил приведен на аеродром во Германија. Бил приведен до протерувањето, а по пет дена бил депортиран во Албанија.

Претприемачот тврдел дека споменатиот сакал доброволно да ја напушти државата. Рокот го пропуштил само затоа што во меѓувреме морал да се лекува на клиника две недели.

Судот го отфрли овој аргумент, бидејќи Албанецот при апсењето немал ниту багаж, ниту авионски билет. Управниот суд на тој начин го отфрли тужбеното барање против преземањето на трошоците.

Депортирањето и изречениот притвор се според Законот за престој, кој вели дека работодавачот мора да ги покрие трошоците за депортација, пишува „Феникс магазин“.

Слични содржини