Повеќето луѓе се обидуваат да остават најдобар впечаток на интервју за работа. Сепак, некои или не се грижат или не ги разбираат правилата за деловна комуникација, па затоа се покажуваат во најлошо светло кога разговараат со потенцијален работодавец.
Некој на „Редит“ ги праша работодавците што ги натерало да одлучат на интервјуто за работа дека кандидатот со кој разговараат нема да ја добие работата.
Кога ќе ги видите одговорите, тешко ќе ги обвините за тоа што ги отфрлиле:
Доцнење и грубост
„Имам неколку работи: прво, доцнење. Не треба да доцниш воопшто, но можеш да се прости неколку минути. Не еден час. Не бидете груби кон никој во компанијата пред интервјуто. Не прекинувај го разговорот за да одговориш на телефон“.
Упад во зборот
„Тој постојано ми упаѓаѓе во збор и ме прекинуваше“.
Фалење
„Дојде кај нас лик кој беше малку „разнишан“, но изгледаше ветувачки. Тој уништи сè кога рече дека ќе го сврти бизнисот во рок од шест месеци затоа што сега правиме се погрешно“.
Приватни врски
„Ни пријде совршен кандидат за работно место наставник. Тој беше млад, симпатичен и динамичен и исто така имаше одлични препораки. На крајот, кога го прашав дали има некои прашања, тој ми рече: „Дали ти пречи ако наставниците излегуваат со ученици?“
Прст во лице
„Додека работев во банка како управител, еден од вработените кој интервјуираше за повисока позиција ме прекина со ставање прст пред моето лице велејќи: „Веднаш ќе те прекинам“. Ангажирав лице кое не ми ставаше прст во лице“.
Рокови
„Една девојка која неодамна дипломираше на колеџ дојде кај нас и се чинеше како одличен кандидат за работа. Но, кога ја прашав како може да се справи со повеќе проекти кои имаат рокови за кратко време, таа ми рече: „Би дала се од себе да го решам ова на време, но ако не успеам, би пријавила дека сум болна“.
Коментари
„Рече дека ќе и се „пикне под здолништето“ на вработена која помина покрај нас за време на интервјуто“.
Пцуење
„Потенцијална работничка неколку пати опцу за време на интервјуто. Јас немам проблем со пцуењето во мојот приватен живот, но таа не можеше да го знае тоа. На овој начин таа само покажа дека не може да и се верува дека ќе се однесува учтиво на бизнис состаноците или во формални прилики“.
Тој знае подобро
„Еден кандидат ми рече дека ја знае работата подобро од мене и затоа треба да го ангажирам за позиција каде што јас сум негов директен надреден“.
Ја малтретираше рецепционерката
„Тој ја малтретираше рецепционерката затоа што доцнев. Очигледно е дека таа нема никаква врска со моето одложување и таквото однесување е неприфатливо. Јас дури и не се обидов да го поканам на интервју, само му реков да си замине“.