Рачно напишано CV на Стив Џобс продадено за 222,400 долари

332 прегледи

Личноста на Стив Џобс и неговите технолошки и дизајнерски креации продолжуваат да носат солиден профит на Apple и секој што поседува нешто од генијалниот претприемач и визионер на ИТ индустријата.

Основачот и инспираторот на Apple има магнетно влијание врз луѓето, како и најголемите уметници во историјата на човештвото. Доказ за тоа е аукција во Лондон, каде рачно напишана апликација за работа (CV) од Стив Џобс беше продадена за 222,400 долари!

CV-то го напишал лично Стив во 1973 година, кој во тоа време барал работа откако се откажал од колеџот Рид. Една година подоцна, Џобс се приклучи на тимот Atari како техничар, каде подоцна се здружи со Стив Вознијак за да го формира Apple во 1976 година.

Во апликацијата за работа, Џобс го наведува „литературниот англиски“ како основна вештина, како и електронската технологија и дизајнот како негови способности и интереси.

Документот е ставен на продажба на 24 февруари 2021 година, а аукцијата трае еден месец, објави MacRumors. Три години порано, рачно напишано CV на Стив Џобс беше продадено за скромна сума – „само“ 175.000 долари.

Слични содржини