Рачното пишување го развива мозокот

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Иако тастатурата и екраните на допир добиваат на значење во сите сфери во животот, научниците велат дека за нашиот мозок е штетно да се откажеме од пишувањето.

Проблемот излезе на површина кога некои земји како Финска изнесоа план потполно да ги елиминираат часовите по пишување во наставата и да ги заменат со пишување на компјутер или други дигитални производи.

download

Иако секојдневно повеќе користиме тастатура отколку хартија и пенкало, неколку студии покажуваат дека рачното шошување позитивно влијае врз мозокот.

Преку пишувањето се стимулира работата на делови на мозочната кора кои се одговорни за меморијата и анализа на информацијата.