Радев: 100.000 граѓани на С.Македонија имаат бугарско државјанство, на пописот сите еднакво треба да се изјаснат

251 прегледи
Претседателот на Бугарија, Румен Радев вчера во објава на својот фејсбук профил, посочи дека повеќе од 100.000 граѓани имаат бугарско државјанство по слободна волја, но и потенцираше дека еднакво право имаат сите Бугари во С.Македонија на претстојниот попис да се изјаснат дека се Бугари.
„Повеќе од сто илјади граѓани на Република Северна Македонија имаат бугарско државјанство стекнато врз основа на слободна волја и документарна автентичност на нивното бугарско етничко потекло. Илјадници други лица се во постапка за испитување на нивните пријави за стекнување бугарско државјанство. Очекувам овие објективни факти да најдат израз и во спротивставувањето на официјалните органи во РСМ против алармантните димензии кои ги има јазикот на омраза кон Бугарија и Бугарите во РСМ.
Ги поддржувам повиците направени во писмото на нашите сонародници од РСМ, во кое изразуваат загриженост за нивната тековна дискриминација во Република Северна Македонија. Бугарските институции треба да ги олеснат постапките за стекнување бугарско државјанство за отворено прогласување на нивниот бугарски идентитет. Институциите во нашиот југозападен сосед треба да обезбедат право на нашинците да се идентификуваат како Бугари на потекло согласно принципите на меѓународното право.
Повикувам на навремен одговор од одговорните институции во Бугарија и Република Северна Македонија. Бугарите во РСМ треба да имаат еднакви права со оние на другите граѓани на државата. Овој основен принцип на демократијата е исто така загарантиран во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји од 2017 година“, се вели во фејсбук објавата на претседателот Радев.

Слични содржини