Претседателот Румен Радев денеска во 17 часот ќе го предаде мандатот за формирање влада.
„Им дадов време на партиите. Конструктивниот дијалог се распаѓа, гледате. Во оваа ситуација, наместо дијалог, ги напаѓате привремените министри. Се соочуваме со предизвици за кои е потребно повеќе време за да имаме влада. Време е Бугарите да откријат кој е кандидатот за премиер и кои се вистинските намери на победниците на изборите. Денеска во 17 часот ќе го предадам мандатот на „Има таков народ“, оттука натаму ќе постапуваме по процедури“, зјави Радев.