Одлуките на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација ќе го ескалира конфликтот и е безбедносна закана со тешко предвидливи последици. Ова го изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев, пренесува БГНЕС.
Шефот на бугарската држава нагласи дека е неприфатливо повторно да се игра на нуклеарната карта три децении по завршувањето на Студената војна. Според него, колку и да изгледа апсурдна оваа закана, не може да се игнорира.
Радев беше дециден дека Бугарија нема да ги признае резултатите од референдумите што Русија ги одржува на заземените украински територии:
„Референдумите во борбена зона, каде што гранати паѓаат покрај гласачките кутии, се правен апсурд и Бугарија нема да ги признае“, потенцирал Радев.