Радев ќе разговара со претставници на бугарските организации во Македонија

од Nikola Popovski
343 прегледи

Шефот на бугарската држава Румен Радев денеска во Софија ќе прими претставници на бугарските организации во Македонија.

Во делегацијата се претставници на Политичката партија Граѓанско-демократски сојуз (ГДС), на здруженијата „Иван Михаилов“ – Битола „Трибина“ -Прилеп, „Македонско бугарско пријателство“ – Скопје, „Коридор 8“ – Скопје, „Интеракција“ – Охрид, „Единство“ – Кочани.

Во програмата на претседателот за вторник е и посета на Бобов Дол по повод празникот на градот. Посетата е на покана на градоначалничката на градот Елза Величкова.

Слични содржини