Претседателот по Уставот има право да одлучи кому ќе му го даде третиот мандат. Ако ја слушнавте мојата изјава на инаугурацијата, сигурно ме разбравте. Политиката е главно одговорност. Крајно време е партиите застапени во парламентот да ја сфатат својата одговорност. Бидејќи системското бегство од одговорност ќе доведе до санкционирање на овие партии на следните избори, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, цитиран од БГНЕС.
„Мораме да размислуваме рационално – какви ќе бидат последиците, ако партиите не постигнат договор, за народот. Колку долго народот ќе чека за решавање на елементарните прашања. Колку избори треба да поминеме за да разбереме дека без дијалог не оди? Дали треба да разбереме дека не е можно без коалиција?“, праша тој.