Радев: На властите во Скопје им недостига познавање по меѓународно право, кога ќе се потпише меѓународен договор, тој треба да се исполни

од Milan1
72 прегледи

Државното раководство на Република Северна Македонија очигледно не е подготвено. Неопходно е познавање на меѓународното право, што очигледно им недостига. Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој треба да се исполни од сите идни влади, а не да се ревидира, изјави бугарскиот претседател Румен Радев коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека Договорот за добрососедство со Бугарија може да се репреговара. Радев ја даде изјавата по брифинг со бугарски медиуми во Атина, по средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, јави БТА.

Мицкоски вчера изјави дека Преспанскиот договор е реалност и дел од уставниот и правниот поредок на земјата, а Договорот за добрососедство е веќе репреговаран, со додадавањето на т.н. „француски предлог“, од кои произлегуваат уставните измени, поради што, како што рече, не гледа причина, зошто кон него да не се додаде некаков друг предлог, што ќе ги опфати барањата на македонскиот народ.

 

 

– На властите во Скопје им недостига познавање по уставно право . Моделот на бугарскиот Устав и на оној на Република Северна Македонија се многу различни – нивниот ги заштитува колективните права, додека моделот на на нашиот Устав ги почитува индивидуалните права. Очигледно немаат познавања и во однос на европското законодавство за тоа, дека кога има заклучоци на Советот, усвоени со консензус, тие не се објект на пазарења, туку треба да се исполнуваат, рекол Радев.

Тој оценил дека „државниот врв на Република Северна Македонија има многу да научи“, додавајќи дека „се подготвени да помагаат и оти отсекогаш помагале на Република Северна Македонија на нејзиниот европски пат“.

„Потребно е и познавање на статистиката“, рече претседателот Радев и додаде дека најмалку 120.000 граѓани на Република Северна Македонија добиле бугарско државјанство врз основа на доказ за потеклото.

„Треба да се има основни познавања за човековите права, бидејќи ние во Бугарија  не тепаме луѓе што изразуваат различни идентитети, не пукаме во нивните клубови и не ги палиме, не ги држиме подалеку од сите позиции во администрацијата, ја коментираше Радев изјавата на  Мицкоски, кој меѓудругото, рече дека не може да водат политика на двојни стандари и оти ако се бара промена на Уставот за неколку стотини наши сограѓани, кои се декларираат како Бугари, тогаш треба да се земат предвид и правата на Македонците во Бугарија.

Слични содржини