Радев најави вонредни избори за 27 октомври и потпиша указ за именување преодна влада

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ги закажа вонредните парламентарни избори за 27 октомври, седми во последните три години, а потпиша и указ за именување на нова преодна влада предложена од Димитар Главчев -предложениот за привремен премиер.

Се очекува членовите на новата влада веднаш да положат заклетва пред претседателот на Народното собрание, јавува Радио Бугарија.

Новата преодна влада има еден вицепремиер, министерката за финансии Људмила Петков.

Слични содржини