Им честитам на проф. Анастас Герџиков и на сите претседателски и потпретседателски кандидати што ги дадоа своите идеи и нивниот придонес во оваа кампања. Ви благодарам од се срце на сите што гласаа за нас со г-ѓа Јотова. Заврши невиден изборен месец. Бугарите сакаат прекин со корупцијата и беззаконието. Очекувањата дека граѓаните ќе се изморат од изборите и ќе го изберат старото не се случи.Ова го изјави Румен Радев, кој од вториот круг на претседателските избори издвои победа над Анастас Герџиков, пренесе БГНЕС.
-И покрај огромните пари, инсинуации и пропаганда што секојдневно не преплавуваа, Бугарија го положи овој испит по демократија. Тој не подлегна на обидите за сеење етнички тензии. Разумот и патриотизмот надвладеа над апатијата и лагите, рече Румен Радев во првиот коментар откако стана јасно дека тој повторно ќе биде претседател на државата.
Анастас Герџиков вечерва му ја честиташе победата на Румен Радев, на претседателските избори во Бугарија.
-Се надевам дека нивните ветувања ќе се остварат, а не моите предвидувања. Се кандидиравме затоа што мислевме дека има начин да се надмине поделеноста, а најмногу затоа што бевме загрижени дека демократијата е во опасност, изјави вечерва Герџиков, по поразот на вториот круг од изборите во Бугарија.