Бугарскиот претседател Румен Радев му честиташе на Емануел Макрон за неговиот реизбор за претседател на Француската Република.
Румен Радев во честитката посочува дека изборната победа е елоквентен доказ за државните квалитети на Емануел Макрон во време кога Европа и светот се пред нови предизвици.
„Бугарија високо ги цени традиционално добрите односи на пријателство и соработка со Француската Република, засновани на нашите заеднички вредности, одличната соработка во рамките на Европската унија и НАТО и нашите заеднички аспирации за изградба на обединета, силна и солидарна Европа“, рече тој во соопштение од Претседателството.
Радев изрази уверување дека во период на глобални предизвици Бугарија и Франција ќе продолжат да работат заедно за заштита на универзалните човекови права и за обезбедување сигурна и перспективна иднина за граѓаните на двете земји.