Радев за упадот во фабриката за масло: НАТО го загрози животот на Бугарите

од Nikola Popovski
472 прегледи

Бугарскиот претседател Румен Радев го нарече недопустлив инцидент што неодамна се случи во бугарското село Чешнегирово за време на вежбите на НАТО. Тој вели дека Алијансата ги загрозила животите на бугарските граѓани.

Бугарскиот претседател денес се состана со министерот за одбрана Георгиј Панајотов за да разговара за инцидентот на 11-ти мај, кога вработените во фабриката за сончогледово масло во бугарско село во близина на Пловдив се најдоа мета на војници на НАТО кои за време на воена вежба по грешка упаднаа на нивното работно место.

„Апсолутно е недопустливо воените формации да го загрозуваат животот и мирот на бугарските граѓани, без оглед дали припаѓаат на бугарската или странска армија“, рече шефот на државата.

Во таа насока, Радев рече дека очекува да се испита инцидентот, како и оние што се одговорни за истиот да бидат откриени.

„Вежбите со нашите сојузници на територијата на Бугарија треба да придонесат за поголема безбедност и доверба во областа на колективната безбедност, а не да создаваат тензии меѓу граѓаните на Бугарија“, рече претседателот.

Од своја страна, министерот за одбрана рече дека ќе ја продолжи дискусијата со американската страна со цел расветлување на инцидентот.

Инаку, ова се маневри „Свифт одговор 21“ во кои учествуваа американски, италијански и бугарски војници. Според сценариото, слетувањето на војниците требаше да се изврши на напуштениот аеродром., меѓутоа постои фабрика веднаш до аеродромот.

Слични содржини