Раџапакса: Направив се за да спречам економска катастрофа на Шри Ланка

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Поранешниот претседател на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса, рече дека го направил својот „максимум“ за да ја спречи економската катастрофа што ја погоди земјата, но дека неговите напори биле залудни поради пандемијата.

Во парламентот на Шри Ланка денеска беше прочитано писмото со оставка што Раџапакса го испрати од Сингапур, каде што побегна.

„Имам задоволство што успеав да ги заштитам луѓето од пандемијата и покрај економската криза со која се соочувавме“, напиша Раџапакса.

Тој тврди дека девизните резерви на Шри Ланка биле ниски кога тој ја презел функцијата во ноември 2019 година и дека пандемијата што следеше ја уништи економијата.

По читањето на писмото и официјалното соопштение за оставка на претседателот, немаше дискусија. Вонредната седница беше прекината по 13 минути.

Слични содржини