Радикален предлог на сообраќаен експерт: На мажите да им се даваат возачки дозволи на 26 години!

од Vladimir Zorba
52 прегледи

Преголемата брзина е голема опасност во сообраќајот на патиштата. Тоа не е само македонски проблем. Го има насекаде, дури и во Западна Европа. Особено ризични се нелегалните трки со автомобили. Најчесто во нив учествуваат млади мажи. Сега еден германски експерт за сообраќај предизвика голема дебата со радикален предлог за сузбивање на брзото возење и трките.

Сообраќајниот експерт Андреас Кни од Берлинскиот научен центар за социјални истражувања (WZB) се залага за мажите да добијат возачка дозвола на возраст од 26, наместо на 18 години.

„Доколку не се намалат несреќите поради несоодветно однесување на возачот, мора да се разговара за оваа мерка“, изјави тој за RBB24.
Млади мажи на возраст од 20 до 26 години учествуваат на нелегални трки во Берлин.

– Зад тоа се стари, архаични структури и една одамна застарена манија на машкост, додаде тој.

Слични содржини