Радоичиќ ќе биде обвинет, оружјето за инцидентот во Бањска го набавил од БиХ

од Nikola Popovski
230 прегледи

Државен обвинител го товари Милан Радоичиќ за тешки дела кои самиот ги признал. Истрагата ќе продолжи,а обвинение ќе биде покренато, изјавил денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според наредбата за спроведување на истрагата, Радоичиќ е обвинет дека од јануари 2023 година до 24 септември набавил оружје, муниција и експлозивни направи со голема разорна моќ од Тузла, БиХ, кои, како што се наводува, му биле доставени на територијата на град Белград, најчесто на релацијата Бубањ поток – Врчин, а кои потоа ги транспортирал и складирал на неодредени локации на територија на Косово и Метохија, каде ги криел во напуштени згради и шуми. Тој потоа како водач на група со неколку непознати лица, спровел заедничка и опасна акција на 24 септември, предизвикувајќи опасност по животот на лица во градот Бањска.

Адвокатот на обвинетиот, Горан Петронијевиќ изјавил дека за време на сослушувањето во обвинителството, Радоичиќ „апсолутно ја потврдил фактичката состојба“ во врска со вооружениот конфликт на 24 септември што се случи во Бањска, на северот на Косово, но дека „негирал дека извршил кривични дела“. Петронијевиќ на новинарите по сослушувањето на Радоичиќ во Вишото јавно обвинителство во Белград изјавил дека полицијата го донела во обвинителството по претресот на неговиот стан во Белград, пренесе Бета.

„Претресот се случи во раните утрински часови и траеше малку подолго. Во станот не е пронајдено ништо важно“, изјавил Петронијевиќ. Тој додал дека при претресот на станот било одземено оружје за кое Радоичиќ имал дозвола и дека е изготвена потврда.

Слични содржини